Галериите ги отворија вратите за љубителите на уметноста

Галериите почнаа да ги отвораат вратите за љубителите на уметноста. Од вчера можат да се посетат две изложби во Домот на културата „Кочо Рацин“: „Со кругот низ пејзажот“ на Петра Јовановска и „Со кругот во коцката“ на Валентина Илијевска.

-Во вакви критични или „гранични ситуации“ кои се случуваат циклично низ времепловот личното и универзалното коинцидираат со еден симултан след на секвенци, фрагменти со кои се идентификуваме низ историјата или во овие мигови на почесто соочување и со самиот себеси и нашиот изминат пат, кој сега го редефинираме според значењето,талкајќи низ лавиринтите во потрагата за смислата на живеењето, за мисијата која ја имаме како битија, во разоткривањето и досегнувањето на суштинските вредности, кои ги идентификуваат микро-клетките како и макро универзумот од кој потекнуваме, аналогијата на системите во кои се одвива генезата во сите сфери и социолошки и технолошки, порача историчарката на уметѕност Виолета Калиќ, на отворањето на изложбата.

Претходна вестНачинот на кој се гради паркот во Карпош 4 може да е погубен за системот за вода
Следна вест9 години затвор за Боки, за Катица – 7