Јавното претпријатие Комунална хигиена вовело електронска услуга за скопјани да можат да плаќаат онлајн сметки за собирање и транспорт на комунален отпад.
Добра одлука во секој случај во време на опасен вирус за луѓето да не мора да стојат на шалтери и затворен простор. Но, камо да важеше електронското наплаќање и во обратен правец, односно да не мора да се молиме и чекаме со денови да ги испразнат оние мали зелени кантички на споредните улички… Па само со едно стискање на копче да се довезат до кантата и да ја исчистат.
Во меѓувреме ни останува да и мавтаме на Комунална хигиена кога минува покрај кантите, а не застанува да ги испразни, па неретко, стануваат мини депонии пострашни и од оние што се креираат околу контејнерите.
Инаку, кантите може да ги испразнат и општинските чистачи, ама некако и нив ги нема…, како што нема култура и кај многу скопјани кои фрлаат насекаде што ќе посакаат…
Во меѓувреме, пристапот и инструкциите како да се користи услугата за електронско плаќање се достапни на следниот линк:https://e.khigiena.com.mk/