И денеска времето претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и можност за дожд кој на места ќе биде пороен.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 28 степени.
Утре ќе имаме променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 29 степени.