Доста ми е од корони на телевизорот, држам дистанца

Прво дојде овоа вирусната корона у Македонија и се ни запусти на телевизорите, само за неа се зборуваше. Сега дојде изборната кампањата и ете ти нови корони на мојот телевизор. Овие политичките корони ми се некако поопасни иако имам имунитет на нив стекнато одамна.

Они го заразуваат целото општество со политиканство. Ги има насекаде и се трудат да се пренесуваат на разни начини не само преку нос, грло и уста. И плус многу бре мутираат, крај не можеш да им фатеш. А да не зборам дека откако они упаднаа нема шо да си гледам на телевизија. Или се на екран короните на две нозе кои не убедуваат дека не спасиле од вирусната корона или има некои турски серии синхронизирани на македонски. А, да, има и една бугарска која не е синхронизирана.

Чаре? Не гледам вести, не им ги гледам политичките реклами… Си гледам спорт, научни емисии, хумористични серии на странски телевизии (нашата не е хумористична па ја Преспивам)

Ќе нема да знам што им е понудата за следните 4 години? Е, за тие што ме интересира си барам на интернет…  Доста ми е од корони, а и нели пожелно било да се држи дистанца?

Претходна вестУште оптегнат најлон конец на велосипедски патеки фалеше
Следна вестПрашања до докторите на Клинички центар