Водно – доказ на „искрените заложби” на сите Влади до сега во изминативе години за зачувување на природните убавини на нашата земја, констатира граѓанската иницијатива О2, во врска со планот за гасовод на скопската планина, уништувањето на зеленилото и пустошењето на дрвјата. Иницијативата објави фотографии на социјалните мрежи на кои е опишана сликата на Водно денес, после почнувањето на зафатот за спроведување гасовод – до овој момент.
-Брзаа што побргу да ја покажат решеноста дека гасоводната траса, кракот до западниот дел на Македонија (и према Косово) – еколошкиот проект кој ќе не спасеше од загадувањето мора што побру да се реализира и тоа мора да биде токму низ Водно. Иако постоеа и други опции, кои водеа покрај обиколницата, на полесниот терен и брз и пристапен пат во непосредна близина, надлежните си се разбраа дека оваа опција им е поефтина и побрза – низ државно земјиште и 5 деценска шума – парче од белите дробови на Скопје. Затоа што здравјето на граѓаните нели нема цена, пишува О2.
Велат предупредувале и за можните проблеми кај големиот наклон кај Шишево, кои пред две години им биле укажани на надлежните но не биле послушани. По две години самите надлежни објавија дека „се појавиле две непредвидени ситуации, на двете страни на Водно, кои што ги оневозможиле техничките услови за хидротест“. Од страната кај село Сопиште целото село застана пред барањето да се направи измена кај гробиштата, за што претходно било собрана и петиција но бадијала.
– Водно е доказ дека кога мислат на зеленило веројатно мислат само на бојата на банкнотите, коментира О2.