Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа во Македонија се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19. Новозаразените се во овие градови:
-Скопје 71, Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2
и во Ресен 5 лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.