Мора да се шири инфективно одделение во штипската болница. Имено, во попладневните часови ова одделение ќе го заземе и просторот на Одделението за неврологија, од причини што и дополнителните болнички кревети се пополнети.
Од инфективното одделение, односно Дијана Шишкова за МИА истакнала дека на одделението имаат 42 пациенти, од кои двајца се пуштаат на домашно лекување. Таа информира дека раководството на болницата ја донело оваа одлука, со што на сила стапува планот Б. Пациентите од Неврологија и целиот медицински персонал заминува на одделот за Урологија, со што се ослободуваат дополнителни 15 болнички кревети.
-Нема да има проблем во функционирањето на одделението, бидејќи зградата е поврзана целина и до пред неколку години беше составен дел од Инфективното одделение, вели Шишкова.
На помош ќе им дојдат и медицински сестри, но и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози од одделенијата во штипската Клиничка болница, со оглед на поголемиот број на пациенти, на кои им треба болничко лекување.
Состојбата на пациентите кои се лекуваат на Инфективното одделение е променлива, имаат и со средна, но и со тешка клиничка слика.