Времето денеска во Македонија ќе биде слично на вчерашното. Сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветaр, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 23 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветaр. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.