„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска е македонскиот фил со кој вечерва, во 21 часот стартува четиридневниот мератон на современи европски филмови во Кинотека, на отворено. Филмот во режија на Митевска ја доби престижната награда „Лукс“ (LUX Prize) за најдобар европски филм за 2019 година.
Утревечер (11 јули) ќе биде прикажана комедијата „Гостин“ – копродукција на Италија, Швајцарија и Франција, на 12 јули – австриската драма „Земјата под моите нозе“, а на 13 јули – швајцарско-италијанската романса „Сонот на Катрина“. Почетокот на проекциите е во 21 часот, а цената на влезниците е 100 денари. Целата програма со повеќе информации за филмовите е објавена на официјалната фејсбук-страница на настанот.
Посетителите ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од КОВИД19: носење заштитна маска, физичко растојание за време на проекцијата, задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот на Кинотеката. Забрането е внесување пијалаци.