Со предност од 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ и со можност за уште некој пратеник, покажавме дека можеме. Денеска победи иднината. Ова пред малку го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-Сите добија порака на изборите за тоа како до сега се работело. Денеска победи концептот – парите кај граѓаните, истакна Заев пред своите сопартијци.
Тој се обврза дека ќе работи со својот тим за економија и правда за секој. Заев не одговори конкретно со кого ќе коалицира за идна влада, оставајќи да се видат конечните изборни резултати.