Откако ковид кризата му стави клуч на врата веќе околу 4 месеци, денеска Археолошкиот музеј ги отвора вратите за своите посетители. Беше затворен на 11 март по итна препорака од Министерството за здравство.
-Археолошкиот музеј од утре, вторник, 21.07.2020, ги отвoра своите врати за посетителите согласно препораките и новиот протокол за посета на музеј. Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метри пред билетара, како и во поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати, соопштија од музејот.