Поминаа четири дена откако пироманот со псевдоним „џељокинг2000“ кој на социјалната мрежа „Тик Ток“ објави видео на кое се гледа како потпалува пожар во некоја од нашите шуми. До каде е полицијата со пронаоѓање на пироманот? Колку помогна дрскоста на потпалувачот да објави и своја фотографија за да се најде и казни за она што го прави?
Полицијата соопштува дека презема мерки за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамоишно расчистување на настанот. Но, впечатокот е дека сето ова оди бавно.
Бавно е и со откривањето на крадците на велосипеди иако и за нив има фотографии, снимки од камерите по влезовите на зградите кои се споделуваат во јавноста и доставуваат до полицијата, но нема вести дека тие крадци се приведени или барем повикани во станици за да објаснат што правеле во тие влезови во тие периоди.
Ако и кога има фотографии и оставени траги на интернет тешко се доаѓа до криминалците, тогаш е разбирливо зошто полицијата не може да открие кој гради џиновски дивоградби во центарот на Скопје, оти тоа се прави скришум – ноќе, ниту сведок има, ниту фотка која можеби ќе помогне.