Вербална, а потоа и физичка пресметка се случила меѓу членови на две семејства синоќа кај старата Градска болница во центарот на градот, информира полицијата.
МВР соопштува дека во близина на болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на овие семејства при што интервенирала и полицијата.
-На ова му претходила сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, соопшти полицијата.
Екипи на Министерството ги утврдуваат деталите за настанот.