Вкупно шест претежно млади луѓе се уапсени заради поседување дрога во одделни полициски акции кои што синоќа се спровеле на подрачјето на општините Аеродром, Центар, карпош и Кисела Вода.
Во скопската општина Аеродром ноќеска се приведени две лица: на бул.„АВНОЈ” М.Н.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ” ја лишиле од слобод Е.Г.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.
Во Центар, пак, вчера на Кејот „Димитар Влахов” полицајците го лишиле од слобода А.Џ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин”, пак, го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
– На 09.08.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов” во Кисела Вода го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.На улицата „Иван Хаџиниколов” во Кисела Вода уапсен е Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, соопшти полицијата.
Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.