Скопската вода е здрава за пиење, покажала и августовската контрола на квалитетот на водата што редовно ја спроведува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 до 7 август 2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од претпријатието.