Стокмена му е кривична пријава, имал килограм кокаин меѓу бананите

Скопјанец е обвинет за трговија со еден килограм кокаин кој беше откриен од страна на полицијата во акцијата што се случила на 19 февруари годинава во скопското село Крушопек.

Јавното обвинителство – Скопје денеска соопшти дека тоj ќе одговара за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот се товари дека на 19.02.2020 година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец, се наведува во соопштението на Обвинителстовото,

Постапката за ова кривично дело се водеше против две лица, но таа беше запрена против едниот од осомничените.

Претходна вестСекој петти стан во Скопје е под хипотека, во другите градови тоа е поретко
Следна вестА во МЕПСО се штедело ли за сега да не мора да поскапи струјата?