Во последните 24 часа во Македонија се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Венко Филипче, министер за здравство на својот профил на ФБ. Од нив најголем дел се во Скопје 39, а потоа следат Куманово 10,Штип 23,Прилеп 1,Тетово 8,Струга 6,Битола 3,Охрид 2,Гостивар 13,Крива Паланка 2,Кочани 3,Пробиштип 1,-Демир Хисар 3,Македонски Брод 3,Берово 1,Виница 3,Кратово 1,Свети Николе 1,и Кичево 18.
-Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови, наведе министерот.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од:Скопје 60,Куманово 7,Прилеп 4,Тетово 3,Струга 15,Велес 1,Охрид 3, Свети Николе 13,Кичево 5, Ресен 1 и други.
Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306, информира Филипче.