Се засилува шверцот со мигранти низ Македонија. Нема ден да не биде откриен нов обид и тоа со голем број на мигранти.
Вчера околу 18 часот, на автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај селото Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „Мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што тоа застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство.
При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.