Со проекција на документарците „Спиењето на Макс Рихтер“ за композиторот Макс Рихтер и „Зборувај за да те видам“, портрет за Втората програма на белградското радио, задутре, на 19-ти август се отвора единаесеттиот по ред фестивал на креативен документарен филм „Македокс“. Ќе трае до 26 август, а локациски е позициониран во паркот кај Младинскиот културен центар и во летното кино на Кинотеката.
Овогодинешносто мото е „Слеј се со тишината“, според истоимената стихозбирка на Ацо Шопов од 1955 година. Фестивалот ќе понуди програма онлајн и во живо, а публиката ќе има можност да види голем број на филмови од регионот и пошироко, меѓу кои и три македонски премиери, како и филмови на земјата во фокус, Холандија. Поради пандемијата голем дел од гостите ќе присуствуваат на фестивалот виртуелно, а онлајн ќе бидат и дискусиите „Под смоква“, мастер-класовите и работилниците. По проекциите на филмовите, ќе има вклучување во живо со авторите, а публиката ќе може да постави прашања.