Во попладневните часови на 20 август во кумановската полиција било пријавено дека на булеварот Октомвриска револуција се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“ управуван од 23-годишник и мотоцикл „пијаџо“, управуван од Е.А. (52).
Во незгодата со тешки повреди се здобил 52-годишникот, а истите му биле констатирани откако итно бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово.
На местото на незгодата извршен бил увид од екипа на кумановската полиција.