Кривична пријава за Дебарчани кои нападнале полицајци

Полицијата поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) и Е.Ј.(18) од Дебар, за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

„На 5 август, на улицата „Братство Единство“ во Дебар, второпријавениот започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кратко време, во вербалната расправија се вклучил и У.Ј. кој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички ги нападнал“, јавува МВР.

Претходна вестЗатвореник во Идризово повреден при напад
Следна вестФизички нападната и силувана 39-годишна охриѓанка