Платформите на Матка си стојат, ѓубрињата не се бројат…

Матка е украсот на Скопје. Ама и украсот кој го дала природата – луѓето го упропастуваат, полека, ама сигурно.

За дивите платфморми кои се наоѓаат на акумулацијата Матка се уште не се најде решение и излезе од правните лавиринти. Преубавата природа мора да ги трпи и нив и институциите кои не преземаат ништо месеци и месеци.

Но, нелегалното поставните платформи не се единствен проблем кој постои во оваа заштитено подрачје кое е прогласено и за споменик на природата. Уште поголем проблем се отпадоците и нехигиена која ја прават посетителите на овој атрактивен туристички локалитет. А какви размери добива таквата негрижа и загадување покажуваат и фотографиите кои вчера се објавени на Фејсбук-страницата на групата „Не биди ѓубре“.

Посетителите биле шокирани од тоа што го забележале на патеката која од Планиарскиот дом води кон внатрешниот дел од кањонот. Пластични шишиња, кеси, стапчиња… сето тоа било натрупано на тесната патека и фрлено од страна на посетителите. Најголемиот дел од овие отпадоци завршил во езерото кое со тоа дополнително се загадува.

-Страшно.. Навистина не ми е јасно, како му доаѓа на некој од внатре да фрли ѓубре, посебно на вакво масто?! Не можам да си објаснам… коментираа граѓаните под објавата.

Не може да се објасни и институционалната незаинтересираност да го среди просторот. Очигледно, по загадувањето што им се случува на Маркова река, на Водно, на видиковецот кај Козјак, сега е загрозена и Матка. 

На ѓубриња очигледно не им треба ништо освен ѓубре околу себе.

Претходна вестПопладневнe дожд, грмежи и ветер
Следна вестСе полни државната каса: Казнети 445 граѓани за неносење маска