Home АКТУЕЛНО Попладневнe дожд, грмежи и ветер

Попладневнe дожд, грмежи и ветер

0
Попладневнe дожд, грмежи и ветер

Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

На подрачјето на земјава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Слично време се очекува и утреа а од среда ќе следи стабилно време.