Шеснаесетгодишник удрил со возило во моторџија и тешко го повредил

Тешки телесни повреди здобил 41-годишниот моротицклист откако вчера изутрина се судрил со возилото зад чиј управувач се наоѓало 16-годишното момче во скопската населба Драчево.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на крстосницата на улиците „Јустинијан први“ и ул.„Солунска глава“.

-Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Mазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник од Скопје и моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.С.(41) од с.Студеничани-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, соопшти полицијата

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Претходна вестПопладне започнува одбележување на празникот Успение на пресвета Богородица во Матка
Следна вестШилегов најавува ново прскање против комарците, ќе биде ли ова успешно?