Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразен со коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед дали имаат симптоми. Препораката следи откако епидемиолозите во САД проценија дека тестовите не се неопходни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста.
Експертот на СЗО, Марија ван Керкове истакна дека СЗО препорачува доколку е можно да се тестираат сите контакти, без оглед на развојот на симптомите. Таа вели дека тестирањето на контактите е од суштинско значење за разбивање на синџирот за пренесување на вирусот.
Според неа, само носењето маска не е доволно, туку е неопходно и одржување на физичко растојание и миење на рацете.