Умерено облачно време со сончеви периоди и умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени
Облачно време со повремени сончеви периоди се очекува и на подрачјето на целата земја. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Во текот на следните денови ќе се задржи претежно стабилно и суво време. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.