Сончево, посвежо и ветровито време со умерен до засилен ветер од северен правец, се очекува денеска на скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 26 степени.
И на подрачјето на целата земја ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
И во текот на следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.