Утре, односно среда, почнува 23-тото издание на Скопје филм фестивал, а ќе трае до 16 септември. Ќе се случува во Кинотека, во дворот на отворено, заради што и бројот на присутни е ограничен. Ова треба да се нагласи оти сите проекции се бесплатни.
Фестивалот се отвора со австралиско-британскот филм „Вистинската историја на бандата Кели“, а потоа следи проекција на „Џулиета од духовите“, првиот филм од ретроспективата на Федерико Фелини.
-Оваа година програмата ја прилагодивме на условите. Од придружните програми ги издвојувам изложбата на Зоран Кардула и големата ретроспектива по повод 100 години од раѓањето Федерико Фелини, вели Татјана Јаневска, директорката на фестивалот.
Ќе се прикажат повеќе од 20 играни и документарни филмови поделени во три програми.