Како човек од внатрешноста на Македонија го гледа Скопје? На ова прашање денеска одговор преку интернет ни пратил еден светиниколчанец. По празничното вчерашно шетање низ главниот град, тој ни пишал само неколку зборови.
-Гледај доле за глава да не те боле, напишал тој.
На ова, тој уште ни доставил една фотографија од која се гледа дека инспирација за зборовите му е мостот „Обединети нации“ кој ги поврзува Карпош и Влае. Фотката на која зјае голема дупка ја дообјаснува неговата реченица. А светиниколчанецот само додал: барем мрежа нека стават под дупката, па како баскет да пропаднам во „кошот“ и дадам поен за вашите градоначалници.
Ех, да знае светиниколчанецот колку нашите градоначалници го сакаат и ватерполото, ама не прошетал низ Скопје кога врне…