Починаа пациенти на 44, 58 и 79 годишна возраст, новозаразени со вирусот се 72 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 793 тестирања и при тоа се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19. Ова го соопшти пред малку Министерството за здравство преку Фејсбук.

Новозаразените се во следните градови:

-Скопје 24

-Куманово 6

-Дебар 4

-Штип 3

-Прилеп 1

-Тетово 2

-Струга 9

-Велес 1

-Охрид 1

-Кавадарци 1

-Гостивар 4

-Гевгелија 3

-Крива Паланка 1

-Радовиш 1

-Кочани 3

-Пробиштип 1

-Берово 1

-Валандово 1

-Виница 1

-Делчево 3

-Свети Николе 1

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

 

Претходна вестКравата од Бит-пазар побрза од институциите, но за сега возот уште не го фатила…
Следна вестГрадинка во Св. Николе остана затворена, вработена имала симптоми на Ковид-19