„Празник на липите“ – традиционалниот настан на Друштвото на писатели на Македонија, се одржува денеска на Платото пред Младинскиот културен центар.
На свеченоста ќе биде врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на македонскиот поет Михаил Ренџов, а ќе биде прочитано и писмото од странскиот добитник на жезолот, словачкиот поет Мирослав Биелик, кој поради пандемијата не беше во можност да допатува.
На овогодинешниот репертоар се стиховите на Христо Петрески, Пајо Авировиќ и Сузана В. Спасовска, а потоа ќе настапат поетите кои учествуваа на конкурсот за најдобра песна на манифестацијата оваа година. Присутните ќе имаат можност да добијат примерок од збирката поезија од двајцата лауреати специјално подготвена за оваа пригода.