Големиот македонски херој Гоце Делчев предизвикува голема кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски. Заев јавно му кажува на опозиционерот Мицкоски „тие двајца никако не одат заедно“ алудирајки на Делчев и Мицковски.
-Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда, вели Заев.
Од ова може да се подразбере дека лидерот на СДСМ е убеден дека на Гоце Делчев му личи да биде во друштво само со Зоран Заев.
Сето ова е реакција на претседателот на СДСМ откако видел дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најавува протест во вторник под мотото: За ЕУ, За Македонија, за Делчев.
– Гоце е црвената линија за нашето достоинство, истакна Мицковски.
Ехх, да може Гоце Делчев да стане па да им објасни на двајцата со кого тој би се дружел и што е достоинство, црвени линии…