Полицијата вчера успеала да го уапси скопјанецот кој вчера попладне ограбил аптека на булеварот „Свети Климент Охридски“.
-Вчера околу 16.30 часот полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(38) од Скопје, затоа што кратко време пред тоа со закана со нож од вработена во аптека на бул.„Климент Охридски“ одзел 6000 денари и мобилен телефон, соопшти полцијата.
Парите и телефонот биле пронајдени, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.