Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 578 прекршоци, соопшти полицијата.
Казна за вакво вид прекршок е 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена чини десет евра. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.