Ова по улиците станува многу опасно

Колумна на Никола Маџаревски:

 

Веќе стана секојдневие: загина моторџија, повреден мотоциклист, се судриле моторџии, во три сообраќајки повредени мотоциклисти… Ова година, очигледно, ќе се надмине по бројот на настрадани моторџии.

Страшно, жално, немам зборови. Гарантирам дека најголемиот дел од оние кои настрадале не носеле кациги. Некни в Кастам паб се расправав со моторџии токму околу тоа. Возат низ град без кациги, без соодветна заштита. а добро се знае колку е тоа опасно. Ми влеат: „Па што ако не носиме. Никој не контролира и никој не казнува. Една акција, контрола и толку“.

Но, не само за кациги, никој не контролира и не казнува за ништо. Појас во кола ??? Што беше тоа. Зборување на мобилен во кола, на мотор – страшно, ризично, но секојдневно гледаме такви возачи во коли… Застанување кој каде сака, бадијала три ленти кога десната е за паркирање и те ставаат во ситуација да мораш да ги заобиколуваш, а од втората лента надоѓаат возилата. Најновото страшно нешто е избегнување на лежечките полицајци низ градов и тоа под опасност да удриш во возило од спротивната страна. Газат две полни линии, се ќе направат само да не ја намалат брзина и да поминат преку препреката. Ова станува многу опасно.

Се јавувам еднаш: „Алополиција… Да, повелете.. Сакам да пријавам моторџии без опрема и кои дивеат со ауспуси по град. Добивам одговор: „Не, не може кај нас, Одете во „Пролеќе“, таму пријавете“... Така завршува приказната за обид да се спречи дивеењето на возачи на брзински мотори, во куси панталони со апостолки, очила за сонце на чело и полн гас од семафор до семафор. Некни на „Партизанска, брзински мотор стои на семафор со двајца без никаква опрема. Зад нив буквално стои полициско комбе, ништо не реагира. Приоѓа од страна црна кола (американско производство) брмчи, набаре најавува нoв циркус во градов. Стартуваат заедно со моторот кога се запали зелено, летаат кон соборна црква, но никој, ама никој, ни со ништо не изреагира. Полицијата полека си вози по „Партизанска.

Па како нема да има сообраќајки, па каде се полициските мотори, скутери, полициски патроли. Каде се казните и останатоДо кога полицијата ќе си седи настрана?

Претходна вестВо еден ден фатени дури 24 нерегистрирани возила на скопските улици
Следна вестТежок судар на 3 возила, повредени 6 лица, најтешко 16-годишно девојче