Два дена градоначалникот на Аеродром молчи по обвинувањата на опозицијата дека тендерот за униформи за учениците во основните училиште е фантастични 12 милиони денари, односно 4 милиони поскап отколку во 2016 година. Тогаш тендерот „тежеше“ 8 милиони денари.
Во време на финансиска криза предизвикана од здравствената состојба, за која економистите предвидуваат дека најлошото сценарио на беспарица допрва доаѓа, и кога токму Аеродром не се истакна со посериозна мерка за помош на семејствата кои остануваат на работ на егзистенцијата, скапиот тендер е како уште еден шок.
Аеродромци со реакции на социјалните мрежи:
-Тендер за сите деца од 1 до 9 одделение 8 милиони, тендер за децата од 1 до 3 (оти нели само тие ќе учат сега физички) 12 милиони денари?! Марин ќе дели по 5 униформи на дете или како? Ова е веќе премногу, ја навредувате постојано нашата интелегенција!
-Свилени униформи ќе носат учениците? Само така може да го оправдате тендеров!
-Родителите не можеше да ги ослободиш од плаќање месечно за градинка за време на карантинот, ама за неверојатни скапи тендери имаш пари градоначалниче?
Незадоволството на граѓаните произлегува и од фактот што Златко Марин во целиот свој мандат може да се изброи на прсти колку пати се појавил на интервју или дал јавен отчет пред граѓаните. До него тешко доаѓаат и новинарите, а за аеродромци и да не зборуваме. Интернет пребарувачите покажуваат дека во кампањата пред локалните избори, тој бил меѓу најомилените медиумски ликови, заради неговата непосредност и постојано присуство во јавноста. Но откако е во градоначалничката фотеља нештата се целосно спротивни.