Постар охриѓанец е новата жртва на измама со лажни сообраќајни несреќи, информира полицијата. Во информацијата се наведува дека 76-годишен жител на Охрид, вчера во полицијата пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари.
-Околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари, инфорамира МВР.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот. Ова е прв случај на ваквата измама во охридскиот регион, а во изминативе недели имаше неколку – во Скопје, Велес и други градови.