Со тешки телесни повреди се здобила малолетничка која вчера вечер возела велосипед во Шуто Оризари, соопшти полицијата.
-На 01.10.2020 во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесена малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на ул.„Шуто Оризари“, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом, се наведува во информацијата.