Темно Режим Светло Режим

Кучиња искасаа малолетник и 33-годишник во Аеродром

Две лица биле искасани вчера од кучиња скиптници во одделни случаи на подрачјето на скопската општина Аеродром.

И двата случаи се пријавени во полициската станица Аеродром.

-Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Д.(38) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ” нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Другиот случај е пријавен во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, од Д.М.(33) од Струга кој кажал дека под Железничка станица Скопје, на паркинг просторот бил каснат од куче скитник, соопшти полицијата.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Селекторот Ангеловски скокаше од радост, а од денес веќе се спушта на земја

Следниот Пост

Казнети 125 возачи во Скопје