Темно Режим Светло Режим

Притвор за дилер на дрога​ од Велес

Основниот Суд во Велес му определи притвор на 26-годишен дилер од Велес.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Велес, осомничениот во својот дом неовластено заради продажба чувал марихуана во количина од 1.229 грама сместена во четири стаклени тегли и хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување.

Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на наредба донесена од судија на претходна постапка.

Advertisement

Со оглед на постоење на основан страв дека осомничениот може да избега или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка, како и можност тој да го повтори кривичното дело, по предлог на јавен обвинител, Основниот суд Велес му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Тетовец фатен при обид за кражба во возило

Следниот Пост

И Европскиот парламент ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите за правото на регистрација на здруженија на македонско малцинство