Министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи, побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува дека бројката на починати достигна скоро 800 лица, а бројката на новозаразени во едно деноноќие достигна до повеќе од 20 проценти од тестираните.
-Се бележат црни рекори. Дали Филипче е свесен за ова? Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните? Заболените од КОВИД -19 нема ниту каде, ниту кој да ги лечи. Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде. Мединцинскиот кадар со кој и онака кубури земјава, почнаа да га напуштаат јавните здравствени установи. Филипче очигледно воопшто не е загрижен за ситуацијата. Филипче ги остави граѓаните сами на себе. За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка!, потецнира оваа партија.