Возење без возачка дозвола и на технички неисправни возила се одомаќило меѓу скопските возачи. Тоа го покажуваат и податоците за вчерашните контроли кои ги направила скопската сообраќајна полиција.
–На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31 лица и за 31 лице за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во соопштението на полицијата.
За пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 50 казни како и 15 мерки за неносење на сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, додека 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење на заштитна маска.
Големиот број на утврдени прекршоци покажува дека полицијата треба уште понастојчиво да работи на терен.