Така сте одлучиле да живеете, во смрдеа и мрзеливост

Колумна на Даниела Јовчева:

Три децении изгубени. Зошто???

И покрај толку акции за подигнување на свеста, за чиста околина во која живееме, повторно диви депонии.

Се отворија страници на ФБ за подигнување на свеста кај граѓаните за чиста околина, а коментари на граѓани како да сакаат ѓубре насекаде околу нас.

Казнувањето и самите казни никако да профункционираат, освен за маски, испекторите како да се на трајни годишни одмори.

Граѓаните постојано бараат виновник, јас барам херои и сакам такви граѓани околу нас. Не е лесно да си воспитан, културен и дисциплиниран за тоа треба да бидеш вредна и храбра личност. Ако од партија ве побараат за митинзи улиците се преполни, за штрајк против загадување на воздухот едвај стотина се собиравме.

Немам никаква дилема дека до народот ѐ, не е до партиите, така сте одлучиле да живеете, во смрад и мрзеливост – првите пријатели на омразата. На кого услуга му правите, сигурно изминативе три децении на ниту една генерација. Не се чудете и не се вадите со изговорите во кое време било подобро, немаме подобро и никогаш не сме се потрудиле да имаме.

Куса приказна за ѕверките и гнидите:

– Лавот никогаш не ја уништувал гардеробата, туку молецот. Чешањето не го предизвикува волк, туку вошката. Маларија не пренесува мечката, туку комарецот. Црната смрт не ја предизвикал пантерот туку стаорецот!

Не е проблем во ѕверките, во гнидите е!!!

 

Претходна вестАрсовски: Димова доделила над 54.000 евра на училиште во кое работат роднини на Маричиќ и на неговата сопруга
Следна вестКошаркарите побараа одговор најдоцна до среда, Антиќ ќе им го даде во четврток