Шуто Оризари и Сарај со најмалку активни случаи во Скопје, по 16 заразени

Скопските општини Шуто Оризари и Сарај имаат убедливо најмал број на активни случаи на корона вирус во споредба со другите скопски општини. Според податоците на Министерството за здравство на нивните подрачја има само по 16 заразени од опасниот вирус. Во Скопје до сега се заразени 10.169 лица а  активни случаи се  2.751.

Наспроти ова, општина Аеродром и натаму е подрачје на кое има најмногу случаеви – 552. Потоа следат Центар со 454, Карпош со 446, Кисела Вода со 310, Гази Баба со 307, Ѓорче Петров со 220, Чаир со 123 и Бутел со 113.

Во Студеничани има 5, Арачиново – 9, Илинден – 44, Сопиште – 22, Чучер Сандево – 10, Петровец –19, Зелениково – 9, Странец – 12 и Нераспределен- 64.

Инаку, денеска најмногу од новозаразените по градови во Македонија се во Скопје- 227 лица.

 

Претходна вестПочинале 4 пациенти од вирусот, новозаразени се 408 лица, повеќе од половината во Скопје
Следна вестПоштар им ги зел пензиите на тројца гостиварци