Општина Центар го доукрасила скапото Порше со блокатор

Општина Центар не им попушта на несовесните кои паркираат каде ќе посакаат. Имено, ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 219 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 19.10. до 25.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 101 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 118 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението во кое се доставени и фотографии од возилата кои биле блокирани или однесени со пајак.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар наведуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

 

Претходна вестДенеска се слави Света Петка, но се слушаат и апелите да нема големи групирања по домовите
Следна вестЌе има ли полициски час за странските ТВ канали?