Не претеруваат само возачите: Полицијата казни 23 пешаци

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои и за 23 пешаци, соопшти денеска МВР.

-Во текот на вчерашниот ден изречени се и 52  санкции за пречекорување на дозволената брзина, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола. Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска, соопшти полицијата.

Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Да се надеваме дека ќе биде така и дека ќе ги има многу повеќе на сообраќајниците со конкретно ангажирање за побезбеден сообраќај.

Претходна вестЗдравствените работници кои се грижат за болните од вирусот ќе добијат награда од 870.000 евра
Следна вестПожарникарите се разочараа од Шилегов и решение ќе бараат од Владата