Гала оперски концерт во режија на Дејан Прошев и диригент Иван Еминовиќ е на репертоарот вечерва во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ во МОБ. Почнува во 20 часот.
Ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на МОБ.
Очекувано, концертот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од ковид-19, а за публиката влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот.