Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера во Чешка загинале двајца скопјани. Според информациите несреќата се случила на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија.
Се наведува дека нивниот автомобил излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.
-Според првичните сознанија, возило марка ‘БМВ‘ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.