Општина Аеродром и натаму е подрачје каде има најголем број на активни случаи од корона вирусот но до неа се повеќе се доближуваат Гази Баба и Карпош, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во Аеродром заклучно со вчера се регистрирани 1.097 случаи додека во Гази Баба – 964 а во Карпош – 945.
На подрачјето на Скопје во изминатово деноноќие имаше 530 новозаразени лица при што од почетокот на пандемијата во Скопје 18.060 биле позитивни, а во моментов активни се 7037 случаи.
Во Центар има 918 случаи, во Кисела Вода 860, Ѓорче Петров 567, Чаир – 424, Бутел – 380, Шуто Оризари – 111 а во Сарај – 73.
На поширокото скопско подрачје состојбата е следна: Студеничани – 32, Арачиново -19, Илинден – 167, Сопиште – 56, Чучер Сандево – 58, Петровец –65, Зелениково -39, Странец – 112 и Нераспределен- 150.