Унија на медицински сестри: Ризично е неискусни ученици да се стават во жаришта на пандемијата

Идеја за ангажирање на учениците од 4та година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар не е безбедна за учениците и таа не треба да се примени, реагира денеска Унијата на Здруженијата на медицински сестри,техничари и акушери.

-Сметаме дека во еден ваков период кога се носат мерки за зачувување на здравјето на учениците и се препорачува он-лајн настава со цел да се намали трансмисијата во училишните клупи не е соодветна идеја малолетни ученици и недоусовршен кадар од средномедицинските училишта да биде впуштен директно во најголемите жаришта на оваа пандемија, се наведува во соопштението.

Се додава дека ризикот е многу голем.

-Во една за нас исклучително тешка ситуација со две медицински сестри на 30 пациенти, ангажман на учениците како помош дополнително би ги отежнало работите, пред се ризикот и нивната безбедност, и нашата одговорност за нив кои треба да учат – практицираат, а ние треба да ги менторираме. Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски? Ако е ова решение недовршени кадри да не надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни, изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.

Претходна вестСрпскиот претседател Вучиќ им честита на македонските фудбалери, ќе бидеме со вас со цело срце
Следна вестСкопје го слави ослободувањето, Шилегов: 4.654 скопјани беа жртви на фашистичкиот терор